Две тренирани кучиња, кои се донација од Државниот царински комитет на Азербејџан, отсега ќе ловат дрога како дел од тимот на Царинската управа на Македонија.
Кучињата кои се од расата германски овчар и пудла се одгледани и обучени во Азербејџан.
Џули е рунтавa и црнa – куче, од марката руски шпаниел, или во народот позната како „пудлица“. Навидум безопасна, ситна но ова куче е страв и трепет за дилерите на дрога.
Тренирано е да намириса и најмало количество.Волчјакот пак има име Шери. Двете кучиња пред четири дена пристигнаа во Македонија.
Директорот Ванчо Kаргов се заблагодари за донациите на царинските кучиња за откривање на дрога и нивна обука.
Директорот на Државниот царински комитет пак на Азербејџан, Ајдин Алиев, вети и помош во информатичка технологија (софтвер), опрема и алатки за разоткривање.