Пукање во Скопје – Ранетото младо момче итно пренесено на Интензивна нега


Повредениот во престрелката која се случи во Гази Баба е младо 27-годишно момче, јавува Сител.

Според информациите на болницата момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализирано на одделот на Интензивна нега. Лекарите ги прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот.

Според податоците, престрелката се случила на улицата „Ордан Чопела” во скопска Гази Баба, кога според неофицијални информации две групи се пукале со автоматско оружје.

Полицијата неофицијално привела едно лице, а по двајца се трага кои биле вмешани во вооружената престрелка, која попладнево се случи на улицата Ордан Чопела, пренсува „Курир“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1