Најмалку едно лице загина во пукотниците кои се случија на меѓународниот аеродром во Хјустон – стопирани се сите летови.
Според информациите едно лице вооруѓено со пушка започнало да пука на терминалот Б на меѓународниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон. Медиумите јавуваат дека најверојатно загинатото лице е самиот напаѓач.
Поради безбедност евакуиран е целиот терминал, а полицијата со полициски кучиња го чешла теренот. Откажани се и сите летови.