На меѓународниот аеродром во Лос Анџелес денеска дојде до поголема престрелка.
Неколку новинари испратиле твитови од ародромот велејќи дека се слушнале истрели и одеднаш голем број полициски сили, вооружени и со снајпери го запоседнале аеродромот.
Еден од терминалите е целосно евакуиран, а многумина од патниците, за време на инцидентот, истрчале на пистата.
Повеќе телевизии вршат директен пренос од полициската акција.