zena tepa mazСпоред податоците на Министерството за труд и социјална политика, што ги пренесуваат повеќе медиуми во земјава, бројот на жени што пријавиле дека се малтретирани во семејството во 2010 година бил 651, во 2011 година пораснал на 733, а во 2012 година на  854 жени. До септември годинава, 636 жени пријавиле семејно насилство.

Она што многу малку се говори е дека и мажи се жалат на семејно насилство. Во 2012 година, 116 мажи биле тепани од своите жени, а до септември годинава собрале храброст и пријавиле дека се тепани 81 маж.

Се претпоставува дека бројот на тепани мажи е многу поголем од официјалниот кој се темели врз поднесените пријави.