Арачиновец пријавел дека било пукано во неговата куќа. Неколку часа подоцна од возило во движење биле испукани куршуми кон паркирано BMW.
На 04.05.2013 година, околу 20,00 часот во СВР Скопје, А. Р. пријавил дека Ш.Б. и И. Б. од огнено оружје -пиштол испукале три проектили во неговата куќа лоцирана на ул.„10“ во с.Арачиново. Од страна на УПС било излезено на лице место и при обавениот разговор, А.Р. изјавил дека причина за пукањето било меѓусебно недоразбирање. Од испуканите проектили нема повредени лица, а на местото на настанот е извршен увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.05.2013 година, околу 00,30 часот во СВР Скопје, од страна на граѓанин било пријавено дека во с.Арачиново, кај старото училиште се слушало пукање од автоматско оружје. Од страна на УПС било излезено на лице место, при што е дознаено дека непознати лица кои се превезувале во ПМВ кое било во движење, пукале кон паркирано ПМВ “БМВ“ , при што од испуканите проектили нема повредени лица. На местото на настанот е извршен увид и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот – соопшти МВР.