Пукање во Арачиново – не сакал да му биде зет, па го застрелал


Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на улицата „18“ застанал со моторното возило „фиат пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“.

Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира дека причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1