Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени кога непознато лице отворило оган врз луѓе во трамвај во Утрехт, Холандија.
Полицијата соопшти дека не се ислучува можноста од терористички напад.
Нападот се случил рано утрово на периферијата од градот, а полицијата ги блокираше улиците околу местото на нападот.
Холандскиот премиер Марк Руте рече дека владата формирала кризен штаб.
Еден очевидец за локалните медиуми рече дека видел четворица мажи како пукаат на плоштадот, а потоа побегнале во различни правци.
Антитерористичката единица на полицијата и медицинските екипи се упатени кон местото на настанот.
Напаѓачот побегнал, потврди портпаролот на полицијата. Полицијата исто така соопшти дека три хеликоптери се испратени во потера по него.
Плоштадот околу трамвајската станица е блокиран по пукањето, јавија локалните медиуми.
Полицијата го затвори подрачјето и соседните улици, но напаѓачот успеал да побегне.
Портпаролот на полицијата изјави дека инцидентот се случил во или во близина на Скверот 24 Октомври, кој по инцидентот е затворен.
Пукањето се случило во 10.45 часот по локално време, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери.
Како што се наведува, инцидентот се случил недалеку од болницата Оуденријин.