Пукање во основно училиште во Скопско


Вчера наутро околу 07,40 часот Н.А. од с.Кондово-Скопје, пријавил дека поради нерасчистени должничко-доверителни односи, Р.А. и Ј.И. постојано психички го малтретирале неговиот син и од истиот барале пари кои не им ги должел.policijarotacijanoke-52787

Поради ова Н.А. отишол во ОУ во с.Кондово, за да разговара со А.А., таткото на Р.А. за да истиот го смири неговиот син. Но, тој почнал да го навредува неговиот син и пробал физички да го нападне Н.А., но вработените го спречиле.

Подоцна околу 07,45 часот во дворот на училиштето со две патнички возила пристигнале Ј.И. и Р.А., при што Р.А. со огнено оружје-пиштол му се заканувал на Н.А., упатувајќи му и вербални закани, откако Н.А. им се спротивставил, истите влегле во возилата и при заминување Р.А. испукал еден куршум.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1