Вооружени маскирани лица со калашникови упаднаа во просториите на неделникот „Шарли Хебдо“ на булеварот Ришар леноа во центарот на Париз, по што отвориле оган од автоматско оружје
Претпладнево, две или три маскирани лица тешко вооружени влегоа во седиштето на весникот, каде откако зеле дел од вработените во заложништво, отвориле оган кон присутните. По нивниот напад тие побегнале со друг автомобил, што зборува дека нападот бил подготвен.
Сведоци на настанот велат дека напаѓачите не зборувале добар французки јазик и дека ги знаеле имињата на вработените.
Напаѓачите убија девет новинари, еден полицаец пред да стигнат до возилото кое ги чекало, при што прегазиле и еден пешак.
Фотографијата на која се гледаат двајца терористи со фантомки на глава и наоружани со калашникови во центарот на Париз го обиколи светот. Фотографијата е пуштена на твитер профилот на магазинот The Sun.
Очевидци тврдат дека прво се слушнале истрели, а потоа и извикувања „го осветивме пророкот“. Инаку весникот е познат по по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.
Весникот, кој е познат со својот остар тон, на повеќе пати има добивано закани, а пред извесно време беше опожарен и влезот на нивната зграда. Неделникот стана познат по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.