11 трикови за шминкање – ќе ви e жал што не сте ги знаеле порано


Шминката е заштитен знак на секоја дама која се грижи за сопствениот изглед.

Но, да бидеме искрени, не секоја жена знае да се нашминка.

ubavina-260x191Затоа денеска ви предлагаме неколку трикови за шминкање за кои ќе ви биде жал што не сте ги знаеле претходно.

Изгледајте фантастично од ден на ден со помош на овие мали трикови за шминкање.

Едноставни се и не бараат многу труд. Крајниот резултат е апсолутно одличен.

Претворете го моличвето за очи во течна формула со помош на запалка или кибрит. Држете го омиленото моливче под пламените буквално една секунда. Почекајте и ќе видите како таа се менува пред вашите очи.

Моливче

На капаците нанесете бело моливче за дополнително да ја истакнете сенката.

Бело моливче

Користете лажица за совршен cat eye.

Лажица

За моментален smoky ефект, на надворешните агли на капаците нацртајте коса тараба, а потоа изедначете со прстите.

smoky

Користете лажица и да спречите создавање на точки од маскарата на горните капаци.

Лажица

Во стврдната маскара додајте физиолошки раствор или капки за очи за таа повторно да стане течна.

Маскара

Виткачот за трепки загрејте го со помош на фен за полесно да ги свиткате трепките.

Трепки

За трепките да ви бидат погусти, меѓу нанесувањето на слоевите маскара на трепките нанесете пудра во прав.

Пудра на трепки

Лепилото за вештачките трепки најлесно рамномерно распоредете го со помош на шнола.

Вештачки трепки

За сами да направите сјај за усни, помешајте сенка во боја со вазелин.

Сјај за усни

Прекријте ги подочниците и темните кругови околу очите на вистинскиот начин така што под очите ќе нанесете коректор во облик на триаголник.

Можете да го нанесете кореткторот и во точки, но најдобриот начин да го нанесете е во облик на триаголник директно под трепките (како на сликата) и да изедначите со прстите. Овој начин на нанесување е поефикасен во прикривање на црвенилото и натеченоста под очите.

Коректор

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1