Не жалам што ми крадеа идеи, туку што немаа свои


Во текот на својот живот тој напорно работел, се борел, трпел бројни неправдии силно верувал во себе како и тоа дека неговите изуми ќе го променат човештвото. И бил целосно во право.Последните години од животот Никола Тесла ги поминал дружејќи се најмногу со гулабите. Починал во Њујорк на Божиќ 1943-та.

220px-Tesla3Никола Тесла е еден од најценетите научници, познат по својата љубопитност кон различните области во науката. Бил интелегентен, духовит а поради тоа неговите пријатели го ценеле и сакале.

Но, кога бирал помеѓу друштвениот живот и работата, секогаш ја одбирал работата. Вежбал самоконтрола, со цел своето тело и ум да ги одржи млади, со надеж дека неговата работа ќе зборува за него во иднина.

По повод годишнината од неговата смрт, неколку изјави од генијалниот истражувач.

„Нашите успеси и падови се неделливи, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, тогаш човекот веќе го нема.“

„Иднината нека ја каже вистината. Проценете го секој човек според неговата работа и заслугите. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за која толку напорно работев.“

„Секој човек мора да вежба умереност и моќ над своите сетила. Само така може да се одржи во младост, со млад дух и тело. Воздржувањето не секогаш беше по мој вкус, но искуството е голема награда.“

Sahrana-Nikola-Tesla„Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Ако некој тоа не го прави, осуден е на пропаст.“

„Учев странски јазици, ја проучував литературата и уметноста и ги поминав моите најубави години во библиотеки и читав се што ќе ми дојде при рака. Тогаш можеби почувствував дека залудно си го трошам времето, но набрзо сфатив дека тоа беше најдоброто нешто што го имам направено за себе.“

„Незнаењето го успорува напредокот на секој човек поединечно, како и на човештвото.“

„Најважниот продукт на создавачкиот ум е изумот.“

„Ако не знаете како, набљудувајте ја природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.“

,,Сите ние сме едно. Луѓето меѓу себе се поврзани со невидливи сили.“

„Силно верувам во правилото на компензација. Вистинските награди секогаш се во сооднос со трудот и жртвата.“

„Последните 29 дена во месецот се најтешки.“

Nikola Tesla„Ако имам среќа да остварам барем некои од своите идеи, тоа ќе биде добро дело за целото човештво.“

„Јас сепак сум поразен човек. Јас не го остварив она најмногу што можев.“

„Во вселената и природата постои повисок морал. Научникот треба него да го следи. Што се однесува до човековиот морал, сета историја може да се сведе на два збора: крв и злато. И само крвта тече и златото сјае. Тоа се стихови од Ендре Ади. Така ќе биде се додека меѓу луѓето не завладее моралот на ѕвездите.“

„Насочете ја сета витална и духовна енергија на делото. Оттаму и чистење од многу работи и потреби кои ги има човек. Јас со тоа не изгубив ништо, туку само добив. Толку добив, што се радував на секој свој ден и ноќ. Запишете – Никола Тесла беше среќен човек.“

„Кога некој од моите блиски луѓе бил повреден, јас сум чувствувал физичка болка. Тоа е така зашто нашите тела се од слична градба, а душите се поврзани. Неразбирливата тага која понекогаш нè обзема, значи дека некаде, на друг крај на светот умрело дете или добар човек. Цела вселена во одредени периоди е болна, од сама себе и од нас.“

„Она што најмногу го забавува човековиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува најголемо зло на светот.“

„Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, не постои човекот.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1