Пукање во Струмица, искршена гласачка кутија


kutii izboriТрите избирачки места, на кои денеска се прегласува во Струмица, се отворени точно навреме и гласањето почна со несмален интензитет, но и провокации и тензична атмосфера, објави Локално.

Според истиот извор, на неколку место во градот се слушнале и истрели од пиштол. Наводно се пукало во воздух од возило од марка „БМВ“ во близина на избирачките места.

Лица со истото возило се движеле низ градот и пукале во воздух, за што е веќе пријавено во полицијата.

На едно од гласачките места ненамерно била скршена и една гласачка кутија за што увид направиле ОИК и полицијата.

Приведено е едно лице, кое ја искршило гласачката кутија на гласачкото место број 1.743, утрово околу 9 часот во Струмица.

Од полицијата информираат дека лицето ја искршило гласачката кутија, по што избирачкиот одбор повикал полиција да интервенира. Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето ќе биде прекинато додека трае увидот, а потоа граѓаните ќе може да го остварат своето гласачко право.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1