Вчера, во периодот од 21 часот до 3 часот по полноќ непознат сторител испукал два куршуми од огнено оружје кон патничкото возило „Мерцедес“ -џип со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Тетово, соопштуваат од полиција.
Возилото било паркирано на ул. „Борис Кидрич“ од страна на 30-годишниот Ш.Б., син на сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.