Пукање врз владината резиденција на Италија кога се полагала на заклетвата – 2 повредени


italija pukanje

Двајца карабинери се ранети кога непознати напаѓачи отвориле оган врз зградата на резиденцијата на италијанскиот премиер во палатата Киџи во Рим, во моментот додека во претседателската резиденција Квиринале новата влада на Италија сe подготвуваше да ја положи заклетвата, јавија италијанските медиуми.

Според агенцијата Ansa, станува збор за еден напаѓач кој бил облечен во костум и со вратоврска, пред палатата Киџи се слушнале меѓу шест и осум истрели.

Полицијата соопшти дека е уапсен маж осомничен дека пукал пред канцеларијата на премиерот.

italija pukanje1Во исто време, во претседателската палата Квиринале,пред претседателот Џороџо Наполитано, новиот италијански премиер 46-годишниот Енрико Лата од левиот блок и министрите од неговиот кабинет пристигнале да ја положат заклетвата.

За неговиот кабинет министри во кој има седум рекорден број жени во понеделникот ќе гласа парламентот со што ќе биде ставен крај на политичкиот ќорсокак во кој западна Италија по парламентарните избори од 24-ти и 25-те февруари кои не дадоа јасен победник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1