Пукано во братот на градоначалничката на Битола


Во текот на вчерашниот ден во близина на Ѓавато на магистралниот пат Ресен-Битола е рането лицето М.С. (36), брат на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Според полицискиот билтен во текот на вечерта во 22:30 часот повредениот М. С. заедно со уште едно лице С. Ф. враќајќи се од лов, се паркирале на паркинг на патот Битола- Ресен и додека биле надвор од возилото С. Ф. му ја дал наполнетата пушка на М. С., и потоа С.Ф. се одалечил од возилото. Но потоа се слушнал еден истрел и го видел М. С. како лежи покрај возилото.

Ранетиот бил однесен во Клиничката болница Битола, по што му бил извршен хирушки зафат.

Сепак во битоласката чаршија денес се слушаат многу поинакви верзии од вчерашниот настан во однос на извештајот на МВР. Една од поверодостојните верзии е дека вчера вечер имало физичка пресметка помеѓу двете лица при што на крајот завршила и со ранување од огнено оружје на едно лице, М. С. Муабетите кои кружат денес во битолската јавност, се и тоа како може едно огнено оружје само да испука оставено покрај возилото како што стои во полицискиот извештај. Исто така и се говори дека имало голема нетрперливост помеѓу двете лица, при што прераснала во физичка пресметка, а потоа и ранување од огено оружје. Денес низ битолската чаршија се говори и дали ова е животот кој го нудеше СДСМ во текот на својата изборна кампања, криминалните активности, убиства, грабежи, нерасчистени случаи дојдоа и во Битола и битолски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1