Пуштен новиот кружен тек на булевар „Партизански одреди“


Новоизградениот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае беше свечено отворен за сообраќај.  Се работи за најголемиот кружен тек во главниот град, со дијаметар од 40 метри, односно по две коловозни ленти со ширина од девет метри, заштитна патека од 1,5 метри и средишно зеленило. Истовремено, булеварот „Партизански одреди“ е проширен до влезот во автобазата на ЈСП-Скопје.kruzen tek partizanska vlae

Градот Скопје инвестираше вкупно 53,4 милиони денари во новиот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“. Изведувач на градежните работи беше „Бауер БГ“, додека уличното осветлување го постави „Елтра“. Градските власти денеска информираа дека во моментов работат на подготвителните активности за вториот дел од проектот за проширување на булеварот „Партизански одреди“, и тоа на потегот помеѓу новиот кружен тек и постоечкиот кај црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1