Видео: Престрелка меѓу полицијата и вооружена група во Куманово – повредени полицајци?


Истрели и пукотници се слушаат од 4 часот утринава во Куманово. Според информациите на локалниот портал „Кумановски муабети“, истрелите доаѓаат од правецот на Зелен пазар, ул. Тоде Мендол, односно од повисоката зона на градот предоминантно населена со албанско малцинствоkumanovo pukanje 2

Полициските сили веќе се во Куманово, а од рано утрово хеликоптери прелетуваат и над Скопје. Според албанскиот портал „Лајм“ повредени се неколку лица, меѓу кои и полициски службеници.

Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба.

На албанските портали и групи на социјалните мрежи се апелира граѓаните да не наседнуваат на овие провокации од „непријателите на Албанците“, туку да останат во своите домови.

МВР: Граѓаните да останат мирни – ВО ТЕК Е АКЦИЈА за разбивање на вооружена група

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1