ПУКАЊЕ ВО КУМАНОВО цело утро: Повредени пристигнуваат во Скопје!


Во 4.30 раноутринава во Куманово започна голема вооружена престрелка. Според се уште неофицијални информации во кумановската населба “Диво насеље” полициските сили се судриле со група од околу 70 вооружени лица, објави Нова тв.

-Неофицијално во престрелката има петмина ранети. Од утрово на граѓаните не им се дозволува да ги напуштаат своите домови и да се движат во центарот на градот во чија близина е и оваа населба..Граѓаните на Куманово ни јавуваат дека слушале престрелки и хеликоптери кои кружат над градот. Во мометов пукотниците се стишани, а улиците во градот блокирани од специјалните сили на полицијата. Што точно се случува засега се уште нема официјални информации од МВР, објави порталот. kumanovo pukanje

Вчера, се појави информација дека се очекува пукање во Куманово, дека е уфрлена група од петнаесетина униформирани лица, која планира напади на полициски станици и на други државни институции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1