Пуштиле филм полн со секс во авион – мајка барала да го сменат – ја исфрлиле од авионот


Неколку сексуално експлицитни сцени во филм, кој им бил прикажуван на патниците на летот од Денвер до Балтимор во САД, биле причина за принудно слетување на авионот на друг аеродром. Персоналот на една американска авио-компанија бил принуден авионот на линијата Денвер-Балтимор да ги приземји во Чикаго, откако едно семејство се пожалило дека сцените од филмот се насилни и сексуално експлицитни.

avion-izmir

Компанијата издаде официјално соопштение, во кое пишува дека пилотот го пренасочил авионот од „безбедносни причини“.

Инцидентот се случил на 2 февруари кога на патниците за време на летот им бил прикажан трилерот „Алекс Крос“, кој не се препорачува за деца под 15 години, а семејството се пожалило дека тој е прикажан на екрани кои се спуштаат од горниот дел на авион, кои не можеле да ги исклучат, со цел нивните деца од четири и осум години да не ја гледаат содржината.

Тие најпрво стјуардесата на авионот ја замолиле да го исклучи екранот, а потоа побарале и од пилотот тоа да го стори доколку е во можност.

avionНишто меѓутоа не се случило во период од еден час, а незадоволните родители за тоа време се обиделе да им го сврат вниманието на своите деца, од како што нагласија „ужасните сцени“.

Пилотот тогаш преку разгласот соопштил дека од „безбедносни причини“ авионот ќе слета во Чикаго, каде семејството кусо било интервјуирано од полицијата, пред да се качи на друг лет за Балтимор.

Компанијата им се извинила на сите патници, поради непријатностите и соопштила дека по жалењето на патниците морала да го пренасочи летот, а оти дополнително ќе ги испита фактите поврзани со овој случај. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1