Путин: Америка ја чека иста судбина како на СССР


Претседателот на Русија, Владимир Путин, рекол дека САД ги чека иста судбина како и СССР, бидејќи сојузниците ги претвораат во вазали.

“На САД не им се потребни сојузници, туку вазали. Русија не се гледа себе во таков систем на односи”, рекол Владимир Путин и додал дека СССР по Втората светска војна со сила го наметнувал својот модел на земјите од источна Европа и дека тоа “не завршило добро”.obama putin

Потоа истакнал дека истото денес го прават САД, поради што ги чека иста судбина како и СССР.

Зборувајќи за односите на светските сили, во традиционалната “Директна линија”, Путин истакнал дека неговата земја не може да биде подредена, туку само рамноправна.

Русија не е Иран

Рускиот претседател денес изјавил дека не очекува дека санкциите против Русија, кои Западот ги наметнал поради Украина, да бидат укинати, јавуваат руските медиуми.

“Кога станува збор за санкциите, одржавме состанок со претприемачите и им реков дека санкциите нема да се укинат наскоро, бидејќи тоа е исполитизирано прашање”, рекол тој.

“Мора да ја искористиме оваа ситуација за да достигнеме ново ниво на развој”, додал Путин.

Рускиот претседател смета дека санкциите против Русија “не се многу ефективни” и дека вршењето на притисок со помош на истите е “бескорисно и бесмислено”.

На прашањето дали е можно да останат на сила повеќе години, Путин одговорил дека Русија не е Иран. “Русија не е Иран. Руската економија е поголема и многу разнолика, и ние не водиме таква политика во подрачјето на енергетиката каква што има иранската економија”, објаснил претседателот.

Зборувајќи за економската ситуација во Русија, Путин рекол дека приходите паднале поради инфлацијата. “Постои голем притисок врз рубљата. Тоа зависи од цената на нафтата. За жал, нашата економија многу зависи од нафтата и многу е тешко тоа да се промени”.

“Многу работи зависат и од нас. Најважно е да користиме софистицирани начини на управување”, рекол тој.

Путин утврдил и дека економијата заздравува и дека постојат основни услови за понатамошен раст. “Руската економија ќе заздрави за две години, можеби и порано”, рекол тој додавајќи дека се преземени правилни мерки. “Рубљата е посилна, па така не може да се каже дека не сме направиле ништо. Ги повикувам сите да бидат трпеливи. Владата тргна по правилниот пат напред”.

Според неговите зборови, Русија го преживеала врвот на проблемите, но и покрај нивното постење, инфлацијата е пониска отколку во еврозоната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1