Путин до олигарсите: “Или работете за државата, или ќе ви одземам се што имате!”


Одредени либерали истакнале дека руската економија наскоро ќе дојде во целосен колапс и сето тоа е особено загрижувачко затоа што голем број на Руси не се свесни во каква ситуација навистина се наоѓа нивната држава.

Имено, пред Русите претстои тешка година, но тие едноставно не може да живеат во постојан страв дека “олигарсите ќе му се спротивстават на Путин”. Тоа е она во кое што манипулаторите сакаат да ја убедат јавноста, но тоа не им успева затоа што Русите се свесни дека нештата се одвиваат во спротивната насока. putin gas

Во работниот план за структурата на руската економија, во Кремљ е одлучено да се земат во предвид позитивните и негативните искуства од кризата во 2008 година, покрај амандманите на моменталната геополитичка реалност.

Како што е познато, Владимир Путин на олигарсите им дал избор:

• Или да работат за државата – да ги исфрлат доларите, подржувајќи ја рубљата и да ги префрлат контролните единици на своите бизниси во сопственост на Русија

• Или државата “ќе се избори со нив” и ќе им го одземе имотот!

Во продолжение погледнете како новините пренеле дека се одиграла оваа реконструкција:
“…Претставници од министерствата и агенциите ги контактирале поголемите извозници, акционери и сопственици и убаво поразговараа со нив. Разговорот се одвивал во следнава насока: “Дали сте слушнале каква е ситуацијата со рубљата?”, а по потврдниот одговор, властите продолжиле: “Дали тогаш би ја олесниле ситуацијата така што ќе продадете дел од приходот во странски валути се со цел да ја подржите рубљата и на тој начин да ги смирите граѓаните?””

Медиумите тоа го наведуваат и како пресврт во разговорот, па додека некои се сложиле со предлогот, голем бил и бројот на оние кои што истиот го одбиле: “Должен сум во странска валута, додека рубљата лебди во воздухот. Немате право да ме терате на такво нешто!”.putin 456

Властите на ваквата “побуна” од страна на олигарсите одговориле: “Па, како сакате. Немаме право никого да го тераме на такво нешто. Меѓутоа, ако утре се обратите до власта да ве поддржи во вид на државни гаранции, кредити и слично… не очекувајте ништо!”.

Иако олигарсите имале време да размислат, првите резултати се појавиле веднаш. Така, одлуката на Алишер Усманов да ја префрли контролата на своите компании ”Megafon” и ”Metalloinvest” во Русија е знак дека најпаметните руски олигарси ризикувале и добиле. На Усманов останатите може само да му завидуваат, со оглед на тоа што неговите финансиери уште во текот на летото се пробиле на кинескиот пазар.

Сосема неочекуван пример за добар потег е оној на сопственикот на компанијата ”AFK Sistem”, Јевтушенков. Тој ги имал сите предиспозиции за да стане вториот Ходоровски, како и многу други. Сепак, Јевтушенков се “префрлил” за само неколку месеци, додека на Ходоровски не му биле доволни ниту тие 10 години поминати во затвор.217353_putin-afp_f
Интересни се неговите тврдења кои што воопшто не му се допаднале на Западот, а кои тој неодамна ги изјавил запрашан за доларот.

“Ова е вештачка ситуација, направена во паника и која ќе се повлече во февруари или март, по што доларот повторно ќе падне и ќе се продлабочи јазот со еврото. Потребно е само малку да почекаме. Ако некој во паника посегне по доларот, ќе изгуби… Повикајте ме повторно кон крајот на март и почетокот на април, да разговараме за оваа тема. Дури тогаш ќе сфатите дека сум во право!”, изјавил Јевтушенков.

Уште една интересна изјава на овој олигарх е онаа во врска со неговите “чувства” кон државата, па запрашан за тоа дали чувствува омраза кон властите, тој одговорил: “Се шегувате? Државата и јас сме во истиот сос, зошто би чувствувал омраза?!”

Јевтушенков сфатил каков олигарх треба да се биде во руската држава, а сите оние кои мислат дека се “надвор од границите”, “над државата” и “над законот” наскоро ќе останат без својот имот, односно имотите кои што досега ги сметале за нивни, пренесува српски Курир.

Еве како Херман Греф ја опишува блиската руска иднина: “Според моите калкулации, по цена од 45 долари за барел нафта, Русија ќе мора да оствари околу 3 трилиони рубљи резерви во 2015 година. Тоа значи дека владата ќе ги капитализира банките и ќе ги зголеми уделите во нив, а банките ќе купат индустриски претпријатија и ќе ги претворат во финансиско-индустриски економии. Целата економија тогаш ќе биде државата”. putin2-300x225

Во реалноста, експертите велат дека всушност станува збор за елиминација на неефикасните сопственици, а цената на нафтата нема некоја голема улога. Затоа што е време деловната заедница на Русија да направи избор: да ги комбинира своите со интересите на државата или да се спротивстави на интересите на државата!

Паметните олигарси одлучиле да ја поддржат стабилизацијата на рубљата, да започнат со исфрлувањето на доларот и да ја потврдат својата посветеност на државата така што ќе и дадат контрола на Русија, а ова се претпоставува дека ќе биде исклучително честа појава во 2015 година.

Како позитивен пример се посочуваат компаниите ”Severstal” и ”Mechel”. Така, тука е одлуката на сопственикот на првата компанија, Мордашов, да го одбере вистинскиот пат, секако, во политички контекст. Тој редовно ги продава приходите во странски валути, притоа не купувајќи нови, а се верува дека неговата компанија ќе продолжи добро да функционира.

Жужин пак, сопственикот на компанијата ”Mechel” не ја одбрал вистинската страна, а во продолжение дознајте и зошто.

На 30ти декември 2014 година банката испратила формално барање за исплата на долгот и каматата од 16 милијарди рубљи кои што во вид на два кредити и биле исплатени на компанијата ”Singapore Trading Mechel Carbon”.

Истото барање на 7 јануари им било испратено на компаниите ”Mechel Trading AG” и ”Mechel Carbon AG” во Швајцарија, во рамките на кое што е побарано исплата на долговите од 47 милијарди рубљи, односно 16 милијарди рубљи. Банката ”VTB” ги потврдила наведените тврдења, додавајќи дека планира да го наплат целиот долг од споменатите компании.

Лесно е да се воочи дека државните банки предизвикуваат банкрот на компаниите ”Mechel” како одговор на спротивставувањето на Жужин за соработка со Русија, па тој од владата повеќе не може да очекува никаква помош.

Како што навел Греф, државата ја користи економската и геополитичката ситуација и преку државните банки креира финансиско-индустриски групи по цена на оние кои што не се вклопиле во рускиот капитализам.

Исто така, лесно е да се забележи дека Кремљ моментално е во конфликт со Западот и дека Русија на Западот никогаш нема да гледа како на некој еднаков на себе. А сето горенаведено има свои економски последици.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1