Милан Калиниќ предизвикал сообраќајка, повредени унгарски државјани


Три лица се повредени, две потешко и едно полесно при судар на возило џип и патнички автомобил со унгарски регистарски таблички, вчера околу пладне кај местото Дупци, на патот кон Копаоник во Србија. Според српскиот портал „Курир“, до несерќата дошло кога познатиот водител Милан Калиниќ, со својот џип преминал во спротивната лента поради неприлагодена брзина и предизивикал сообраќајна несреќа.milan-kalinic

Како што пишува „Курир“, повикувајќи се на сопствени неофицијални информации, водителот Милан Калиниќ поради неприлагодена брзина на џипот, предизвикал сообраќајна несреќа во која се повредени унгарски државјани.

Вчераутро околу 11.40 часот, кај местото Дупци, на патот кон Копаоник, познатиот водител Милан Калиниќ поминал во спротивната лента од патот.

Водителот во автомобилот бил заедно со сопругата и двете деца, додека во другиот автомобил се наоѓале државјани на Унгарија. Возачот и неговата сопруга која што седела на совозачкото седиште, се потешко повредени, додека синот и снаата поминале со полесни повреди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1