Рускиот претседател Владимир Путин го купува бродот на претседателот на поранешна СФРЈ Јосип Броз Тито за да плови по Јадранот, пишува „Вечерњи лист“.
Оваа информација уште не ја потврди официјален Кремљ.
Според хрватскиот весник, станува збор за познатиот брод на Тито „Галеб“, кој со години е закотвен во Риека.
– Иако се чинеше дека нема да има заинтересирани за 30-годишната концесија на бродот, во последен момент се појави еден инвестициски фонд близок на Путин, кој сака да го стави во функција бродот – пишува весникот.
Риека во септември минатата година распиша конкурс за собирање понуди за давање под концесија на бродот „Галеб“.
Бродот „Галеб“ е изгаден во 1936 година во Италија. Од 1953 до 1979 година бил пловечка резиденција на Тито. Тој со него патувал 14 пати и посетил 18 држави.