Путин го прашал Вучиќ што се случува во Македонија!


Актуелниот премиер на Србија и кандидат за претседател Александар Вучиќ оствари билатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. За време на состанокот двајцата лидери дискутираа за трговските односи меѓу двете земји, стратешкото партнерство како и за начини на нова економска соработка, при што Вучиќ истакна дека средбата со Путин е од големо значење за политиката и економијата на Србија.putin vucic

Одговарајќи на новинарски прашања, српскиот премиер спомена и дека една од темите на разговор била токму ситуацијата во Западен Балкан, различните влијанија врз регионот од надвор, но и за српските интереси, а најави и отворање на нови руски компании во Србија.

,,Разговаравме за се, за сите предизвици, за нестабилноста, тој сакаше да чуе што мислам за случувањата во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, го изнесов мојот став, кој го знаете и најдолго се задржавме на регионот, за влијанија врз регионот од надвор, но и ги претставував српските интереси.,,

Пред да продолжат разговорите зад затворени врати. Путин истакна дека се надева дека односите меѓу двете земји позитивно ќе се развиваат како што се одвиваа и до сега.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1