Путин го свика советот за безбедност: како Русија ќе одговори на американскиот напад?


„Присутните изразија длабока загриженост поради неизбежните негативни последици од овие агресивни дејства врз заедничките напори за борба против тероризмот“, изјави портпаролот Дмитриј Песков.putin3333

Тој рече дека Советот за безбедност, исто така, изразил жалење поради штетата што нападот ќе ја направи врз американско-руските односи, а се разговарало и за начините да се продолжи операцијата на руските воздухопловни сили во Сирија како поддршка на армијата на Асад.

Руската војска претходно соопшти дека ќе ѝ помогне на Сирија да ја зајакне својата воздушна одбрана по американскиот напад врз сириската воздухопловна база.

Русија денеска го суспендира меморандумот за согласност за безбедни летови во Сирија со Соединетите Држави по американскиот напад, а Москва побара и вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1