Украински пратеник и поранешен министер за одбрана, Анатолиј Гриченко ја шокираше јавноста со изјавата дека претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе биде убиен доколку дојде во Киев.
„Путин нема да застане тука.Тој не ја сака само Украина туку сите балтички земји и останати држави. Верувам дека нашите патриоти доброволно би го убиле, и тоа ќе биде сосема исправно“, изјави Гриченко.
Гриченко, исто така го обвини и украинскиот претседател, Петро Порошенко дека не ги исполнува своите финансиски обврски кон украинската војска која учествува во битките на југоистокот на земјата.