Прочуената пророчица, Баба Ванѓа која предвидела многу работи, има и едно предвидување за идниот светски лидер.
Баба Ванѓа починала во 1996 година, на 85- годишна возраст , но има предвидувања за неколку векови , се до 51-ви кога према нејзините визии ќе биде крај на светот.
Магазинот „Бриминген меил„ пишува дека таа ја предвидела и славата на Путин.
„Сите ќе се стопат како мраз, само едни ќе останат недопрени. Славата на Владимир, славата на Русија. Премногу е донесено во жртвата. Никој не може да ја запре Русија. Сите ќе се тргнат од нејзиниот пат и не само што ќе се задржи, туку и ќе стане господар на светот.“, изјавила Баба Ванѓа во 1979 година.
Путин, кој првпат стана претседател пред повеќе од 18 години, треба да остане на власт уште шест години по претседателските избори во неделата. Тој стана претседател на Русија во декември 1999 година и оттогаш доминира на поитичката сцена.
Вангелија Пандева Димитрова, која е родена во Струмица исто така го предвидела и Брегзит. Исто така велела дека Европа, каква што ја познаваме, ќе престане да постои од 2016 година. Ванѓа мистериозно го изгубила видот на возраст од 12 години за време на голема бура. Нејзиното семејство, наводно, ја нашло неколку дена подоцна, со земја на очите. Таа подоцна тврдела дека ја доживеала својата прва визија кога била исчезнала и верувала дека ѝ била дадена моќ да ја предвиди иднината и да ги лекува другите.