Рускиот претседател Владимир Путин го нарече заривање „нож в грбот“ поради руската операција против терористичката група Исламска држава уривањето на рускиот борбен авион „Су-24“ претходно во вторникот од страна на турски воен авион, а што Москва тврди дека се случило во воздушниот простор на Сирија, а не како што тврди Анкара оти го повредил турскиот воздушен простор.
Рускиот авион е соборен со ракета „воздух-воздух“ од турскиот ловец „F-16“, изјави Путин.
Рускиот „Су-24“ со ништо не ја загрозувал Турција. Тој изведувал операции во рамките на борбата со Исламската држава, истакна рускиот претседател.
Уривањето на авионот излегува од рамките на борбата против тероризмот, тоа претставува удар затоа што бидејќи Русија во грбот на соучесниците на терористите.
Според него, Русија одамна имала регистрирано и документирано набавки на нафта за Турција од Сирија, од областите коишто ги контролираат терористите.
„Овој случај ги надминува рамките на обичната борба против тероризмот. Се разбира, нашите војски водат херојска борба против тероризмот, не се штедат и не ги жалат своите животи. Денешната загуба е во врска со ударот кој ни го нанесоа во грбот соучесниците на терористите. Поинаку јас не можам да го квалификувам она што се случи денеска“, изјави Путин на средбата со јорданскиот крал Абдула втори.
Иако турската страна тврди дека рускиот авион „Су-24“ десет пати бил предупредуван дека го нарушува турскиот воздушен простор, руското министерство за одбрана објави дека авионот кој во моментот на погодокот се наоѓал на височина од 6.000 метри за цело време на најавениот лет се движел исклучително над територијата на Сирија, што е регистрирано со објективните средства за контрола.