Путин реши: Руската армија се повлекува од Сирија


Претседателот на Русија, Владимир Путин, нареди повлекување на руската војска од Сирија, бидејќи како што оценил, „задачите биле целосно исполнети“. Притоа, Путин нагласил дека руските воени бази и натаму остануваат во Сирија. Одлуката била договорена во согласност со сирискиот претседател, Башар ал Асад.

Според аналитичарите, повлекувањето на главниот дел на руските единици неслучајно се случува денеска, токму кога во Женева почнуваат преговорите меѓу сириската влада и опозицијата.673784_putin-sirija02-foto-reuters-ap_f

Рускиот претседател се надева дека таквата одлука ќе послужи како добар сигнал за двете страни во борбите и то ќе придонесе за мирна завршница на кризата. Путин оценил дека ефикасната работа на руската армија создала услови за почеток на мировниот процес.

На 30 септември минатата година официјална Москва соопшти дека нејзината војска почнува воена операција во Сирија. Во текот на кампањата уништени се голем број инфраструктурни објекти на терористите на ИСИС, командни пунктови, штабови, комуникациски чворови, објекти за производство, преработка и превоз на нафта.

Русија почна да ја повлекува својата воена опрема од Сирија. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека првата група руски воени авиони денеска ја напуштила воздухопловната база во Сирија, вклучувајќи и непрецизиран број авиони СУ-34. Руската државна телевизија објави снимки на кои се гледа персоналот во руската база во Сирија како ја товарат воената опрема во транспортни авиони за враќање во Русија. Рускиот претседател Путин вчера нареди повлекување на поголемиот дел на руските сили од Сирија, додавајќи дека воената интервенција во главно ги постигнала своите цели. Тој исто така истакна и дека Русија треба да ја интензивира улогата во мировниот процес за да се стави крај на судирите во Сирија.isis-russia-putin-iii

Советот за безбедност на ОН ја поздрави одлуката на Русија да почне со повлекување и ја оцени како позитивен чекор, а иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Зариф го оцени како позитивен знак за одржување на примирјето во Сирија.

Советот за безбедност на ОН вчера зад затворени врати расправаше за ненадејната одлука на Москва. Специјалниот пратеник на светската организација Стефан Де Мистура на членовите на телото им го поднесе извештајот за новата рунда мировни преговори која почна во Женева.

Рускиот амбасадор во ОН, Виталиј Чуркин изјави дека сите елеманти од сирискиот мировен процес се конечно на место, вклучувајќи го и престанокот на непријателството, доставувањето хуманитарна помош и преговорите.

Западните медиуми не го кријат изненадувањето поради ваквата одлука на Русија, а руските ја нарекуваат политичка победа, и додаваат дека ништо не може да го спречи Путин да ги врати воените сили во сирија доколку тоа е потребно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1