Во Италија уапсен Албанец со кокаин во вредност од милион евра


Италијанската полиција уапси албански државјанин во чиј автомобил биле пронајадени шест килограми кокаин.

Уапсениот патувал со автомобил марка „Опел“ од Германија кон Италија, заедно со неговата осумгодишна ќерка.kokain1-630x418

Тој бил уапсен во близина на италијанско-австриската граница, во реонот на Випитено. Полицијата извршила детална контрола откако ја забележала нервозата која се чувствувала кај уапсениот.

Доколку би се нашла на нарко пазарот вредноста на дрогата се проценува на милион евра.

По апсењето, албанскиот државјанин е притворен, а девојчето е предадено на социјалните служби до доаѓањето на неговата мајка од Германија.

Неодамна италијанската полиција во Ливурно, уапси двајца албански државјани откако во нивното возило пронајде 37 килограми хероин и два клограма кокаин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1