Путин во Белград доаѓа со „позлатен“ авион вреден 150 милиони евра (Фото)


Првиот човек на Русија Владимир Путин пристигнува во Србија во државен авион вреден 150 милиони евра, а внатрешноста на леталото е „збогатена“ со злато и благородни камења. Станува збор за претседателскиот авион „илјушин“ ИЛ-96-300ПУ (М1) – ПУ

vladimir-putin-1405623145-536649

Авионот ја носи ознаката ПУ што во воената терминологија значи команден пункт и од него претседателот на Русија може да ги извршува сите државнички функции, исто како да се наоѓа во Кремљ, пишува српски „Курир“ во пресрет на посетата на Владимир Путин на Србија, по повод прославата 70 години од ослободувањето на белград од фашистичка Германија, на која ќе одржи и говор на воената парада на српската војска.

Како претходниоца на Путин во Белград веќе пристигнале 150 припадници на КГБ, кој ќе се грижат за безбедноста на рускиот претседател.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе пристигне кон средината на неделата во посета на Белград, трета по ред во изминатите 13 години, пишува белградскиот весник „Политика“, коментирајќи дека оваа посета ќе се одвива под будното око на набљудувачи од целата меѓународна заедница.


Путин пристигнува во Србија на 16 октомври по повод 70-годишнината од ослободувањето на Белград.

„Политика“ нагласува дека Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ, која не вовела санкции против Русија поради Украина, а Западот очекува од Белград попрецизно да избере страна, кога станува збор за украинската криза, односно да се откаже од инсистирањето на балансирана позиција.

Брисел, Берлин и Вашингтон официјално нагласуваат дека немаат никаков проблем со посетата на Путин на Белград. Неформално сепак можат да се чујат предупредувања дека ЕУ со голема загриженост гледа на зголемувањето на руското влијание не само во Србија, туку и во други земји од Западен Балкан, додава „Политика“.

Главни теми на средбите на Путин со високи српски официјални претставници се очекува да бидат политичките прашања, но пред се економската соработка меѓу двете земји, кои имаат постигнато спогодба за стратешко партнерство.

Една од главните теми ќе биде и проектот „Јужен поток“, а во врска со тоа српскиот премиер изјави дека неговата изградба во Србија ќе зависи од договорот меѓу Русија и ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1