Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја обвини официјална Анкара дека го собори рускиот авион за да ги заштити испораките на нафта кои Исламска држава ги испраќа во Турција, јавија француските медиуми.
-Имаме причина да веруваме дека одлуката да се собори нашиот авион е донесена со желба да се заштитат линиите на испорака на нафта кон турска територија, рече Путин на прес конференција во Париз.