ПВЦ дама: Трамп во Меланија вградил пластика за 100.000 долари


Првата дама на Америка, Меланија Трамп, очигледно по секоја цена не им дава на годините да ја стасаат. Дури и окото на лаик може да забележи дека пластиката и естетските зафати ѝ се добри пријатели.

Но, окото на професионалците е далеку попрецизно, па загрепскиот пластичен хирург д-р Младен Дудуковиќ на интернетскиот портал estetica.hr неодамна објавил текст во кој ги наведува можните естетски зафати на Меланија Трамп.melanija-1

Како што истакнува лекарот, не може со сигурност да тврди што амбициозната Словенка правела на себе, а претпоставките кои ги изнел се врз основа на неговото професионално искуство. Впрочем, и словенечкиот фотограф Станислав Јерко (78), кој одамна прв ја снимал Меланија, кога имала само 17 години, отворено забележал дека на себе менуваа и корегирала некои работи.

А, за да биде поблиску до американското поимање на убавината, Меланија веројатно го корегирала носот. Притоа го скратила и го направила пошилест, претпоставува доктор Дудуковиќ. Она што е специфично на лицето на сопругата на Трамп е заводливиот поглед.
Меланија не го добила со раѓање туку тој е најверојатно последица, стручно кажано, на горната блефаропластика со латералната кантопексија. Зад овој комплициран назив, всушност, се крие кревањето на надворешниот очаен капак, а целта е на пациентката да се искосат очите и погледот да ѝ биде како на мачка.Melania_Trump_2011

Меланија со 47 години може да се пофали и со импресивно деколте, па може да се претпостави дека вградила импланти во градите. Бидејќи нема брчки, иако е во петтата деценија на живот, за тоа се, се чини, заслужни третманите со ботокс, токму како и лифтинг третманите на лицето кои ја затегнуват кожата и ѝ даваат доста неприродна цврстина. Познато е дека американските идеали на убавина се истакнати и поткренати јагодици, а кај Меланија веројатно тука помогнале хијалуронските филери.

За сите овие зафати се претпоствува дека треба да се издвои околу 100.000 долари. Но, повеќето од тие зафати треба да се повторуваат. На пример, ботоксот на секои четири месеци, а хијалуронските филери на една година. И градите мора да се корегираат после десет години носење на имплантите.

Поради сето тоа може да се заклучи дека Доналд Трамп во лицето и деколтето на Меланија несебично вложил барем 100.000 долари. А што се случувало на долниот дел од телото на Меланија, стомакот, колковите и бутовите може само да се наѓаѓа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1