Ханка Палдум: Постојано го посетувам син ми во затворот!


Мирзад Бркиќ, синот на пејачката Ханка Палдум, е осуден на две години затвор откако пред две години со автомобил удрил тројца пешаци од кои двајца се здобиле со потешки повреди. Работата да биде уште полоша, веднаш по несреќата бил подложен на тест на дрога кој се испоставил како позитивен.hanka-paldum

Ханка за српски „Ало!“ првпат отворено проговорила за семејната драма.

– Тешко ми е како што би ѝ било на секоја мајка, но тие емоции ги држам за себе. Многумина мојата несреќа ја злоупотребуваат, но не се осврнувам на такво нешто. Мојот син е добро, во една рака, иако не може да биде добро затоа што е во затвор – започнала Ханка.

Иако свесна дека лошо постапил, својот син го брани.

– Сите од него направија лошо момче, а осуден е на толку голема казна само затоа што е син на Ханка Палдум. Многумина ми рекоа дека за тоа што го направил добил преголема казна, дека за тоа не требало да добие ниту една година. На секое дете му е товар кога родителот му е популарен – рекла Ханка.

Поради поранешното консумирање разни опијати, нејзиниот син е под постојан надзор на лекар.

– Постојано го посетувам – рекла Ханка која за ситуацијата на својот син никогаш не сакала многу да зборува во јавноста. Покрај сè што се случило во наредната година сака само мир.

– Сакам сè што е негативно да исчезне и да не се повтори – заклучила Ханка која подготвува нови песни кои наскоро ќе ги претстави на својата публика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1