Проглас на Груевски:ВМРО ДПМНЕ не учествува во прегласување


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска пред ДИК прочита проглас на партијата составен од 5 точки. Тој порача дека ДИК донела незаконски одлуки. Го повика судот да не ги прифати истите, а порача и дека ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во прегласување на изборите.gruevski-5-640x366
Лидерот на ВМРО ДОМНЕ, Никола Груевски вечерва во своето обраќање пред седиштето на ДИК информираше дека заседавал извршниот комитет на партијата кој донел проглас кој го прочита пред насобраната толпа. Тој беше пречекан со громогласен аплауз, а толпата го извикуваше неговото име и името на партијата. Прогласот според Груевски има 5 точки. ДИК, како што рече донела незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот.

„Работата на ДИК се претвори во пародија имаме информации за вмешување на странски претставници со цел влијание врз членовите на ДИК, а во правец на постизборен инжињеринг и фалсификување на изборната волја на граѓаните“. Некој од независните претставници на ДИК не се независни“.

Груевски порача дека незаконски одлуки на ДИК ќе може да ги корегира Управен суд. Тој повика да не се врши притисок врз судот.

„Доколку и Управниот суд подлегне на влијание од страна и ги потврди незаконските одлуки на ДИК и се фалсификува слободна изразена волја на граѓаните ВМРО ДПМНЕ нема да учествува во прегласување и нема да ги признае резултатите“, рече Груевски.

Тој истакна и дека нема да дозволи, како што го нарече аболицираниот криминалец Зоран Заев да формира влада со фалсификувана победа. ВМРО ДПМНЕ, како што наведенема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот од граѓаните. Државата, според него, мора суверено да носи одлуки. Груевски се обрати и до странските претставници и рече дека некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата и порача дека тоа мора да запре.

„ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање на амбасадори во внатрешно политички прашања и бараме да останат во рамки на своите овластувања. ВМРО ДПМНЕ го напушта формат на преговори со други политички партии во кои учествуваат странски претставници и се носат одлуки за кои во секоја држава одлучуваат избраните претставници на народот“, истакна Груевски.

Според него, партијата нема да прифаќа хибридни решенија доколку истите ги нема во други земји членки на ЕУ. Груевски уште еднаш порача ВМРО ДПМНЕ нема да прифати кантонизација и реформирање на државата под било кои услови.

На крајот тој истакна дека ќе се борат за десоросоизација и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Тој посочи и дека ВМРО ДПМНЕ историски, во сегашноста и во иднина била и же биде прозападно ориентирана партија, а нивната ориентација е членство во ЕУ и НАТО и стратешко пријателство со САД. Темелна нивна основа, како што рече Груевски е демократијата како и прогласот на партијата со цел заштита на истата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1