„Запознавате многу различни луѓе, што е секогаш интересно. Голем број на членови од екипажот, особено келнери и собари работеа исклучиво за да ги издржуваат своите семејства. Некои од нив се најфините и најгрижливи луѓе кои некогаш ќе ги запознаете. Во реалноста екипажот, персоналот и службениците се поделени во секојдневниот живот на бродот, па понекогаш беше тешко да се одржуваат пријателства. На пример, персоналот од Филипините имаше свои забави, службениците се дружеа во барот за службеници, персоналот во барот за персонал…“, раскажала таа
„Најмалку ми се допаѓаа измамите – во сите облици. Маж кој дома имаше сопруга и деца, а на бродот девојка. Кога неговата сопруга доаѓаше на бродот на одмор, девојката се отселуваше од неговата кабина и се однесуваше како да не го познава, додека сопругата не си заминеше. Никој не би рекол ни збор“, раскажала Кетрин.
И таа се впуштила во врска со оженет маж затоа што сопругата не ја споменал ниеднаш во текот на два месеци, сè додека не дошла на бродот со нивните деца и неговата мајка. Такви ситуации ѝ се случиле неколку пати. Токму тоа е најлошата работа која ѝ се случила на бродот.
„На мојот втор брод во 20-тите, додека работев како фотограф, запознав атрактивен Скандинавец, капетан. Не мислев дека врската е долгорочна, но добро се сложувавме и секогаш се смеевме. После неколку недели, во неговата кабина наеднаш се најде фотографија од жена и деца. Кога го прашав кој е тоа, ми рече дека тоа се неговата сопруга и децата.
Ми рече ‘утре пристигнуваат‘. Наивно не видов дека тоа ми се подготвува и бев скршена. Бесно излегов од неговата кабина, а кога влегов во својата, ми ѕвонеше на телефон. Ми се јави за да ми каже да не ѝ кажувам ништо на неговата сопруга, особено ако дојде со неговата мајка.
Следната ноќ, бев на распоред да ја фотографирам забавата на капетанот за добредојде. Ме запозна со сопругата, правејќи се дека не ми го знае ниту името, а потоа позираше со нив. Отидоа на забава, а јас седнав на подот и добро се исплакав. Тогаш за прв пат го искусив она што е секојдневие на крузерите“, раскажала Кетрин.
„Уште се полоши луѓето кои ги изневеруваа своите партнери кои беа со нив на бродот. Додека едната личност работеше или спиеше, партнерот скокаше во кревет со друга личност. И тоа ми се случи“, раскажала наивната Кетрин.
„Кога работев на брод во 30-тите, отидов на тренинг на една недела на Мексиканската ривиера. Со цимерката ја перев долната облека и ја ставивме во сушалка пред вечера, а за време на вечерата тренерката не праша каде сме ја переле облеката.
Кога одговоривме во пералницата за персонал, ни рече веднаш да ја собереме и да ја користиме само пералницата за службеници. Кога стигнавме во пералницата, нашата сува облека беше фрлена на маса, а целата наша долна облека беше украдена. Група момци од персоналот, кои сакале да носат женска долна облека ја украле. Тоа се случи во повеќе наврати и на повеќе крузери“, раскажала Кетрин.
Еднаш, како што раскажала, слегле од крузер во Јамајка и додека шетала со колегата Маурицио, едно локално момче им пришло и им понудило да им ја покаже вистинската Јамајка, местата каде што туристите не одат.
Кога се согласиле, тој ги водел низ разни улици, а потоа им се приклучил негов „пријател“. Им рекле дека сакаат да им покажат една галерија. Кога почнале да се спуштаат по ридот, Кетрин забележала дека објектот во кој наводно се наоѓала галеријата нема кров и се обидела да се извлече, измислувајќи извинувања дека мора да се врати на бродот. „Водичот“ и неговиот „пријател“ не сакале да ги пуштат, туку им барале 150 долари за приватно покажување на градот. Таа им фрлила 10 долари и со колегата истрчала кон бродот.
Кетрин вели дека после неколку години работа на крузери се откажала од тој вид на заработка за живот затоа што нејзиното срце било скршено премногу пати. И тој ден кога одлучила да даде отказ, дознала дека момчето ја изневерува со девојка чии вереник бил во болница.