Работа од 9 до 5 – модерно ропство кое ни го украде животот


Генерациите родени во седумдесетите години имаа можност да добијат работа веднаш по завршувањето на школувањето и да работат во три смени – од седум до 15, од 15 до 23 и од 23 до седум часот утрото, ( со посебна корист за ноќната смена).
Денес, ваквото работно време е речиси незамисливо.

rabotaВо повеќето компании се работи од девет до 17 часот, а како ретко да некој живее и во близина на работното место, а вознемирувањата од јавниот превоз „јадат“, најмалку два часа дневно, до работа и назад. Кога на тоа ќе се додаде и времето за одмор, по доаѓањето од работа, како и она за спиење, останува малку слободно време за квалитетно дружење со семејството и пријателите, излегвањето во кино, театар, рекреација и др.

Европското работно време го уништува животот, затоа што најголемиот дел од денот го минуваме во затворен простор, каде што нема кислород, а поради премногу седење, настрадува и мускуло- скелетниот систем.

Некои луѓе се жалат на болки во грлото, на матката, рбетот, болки во нозете, висок крвен притисок, анемија која е поврзана со недостаток со кислородот. Немаме време да отидеме во спа центар, на масажа, на рекреација, а сето тоа е потребно за да го опуштиме телото и психата.
Убавото трошење на времето го стимулира мозокот, притоа ослободува серотонин, хормон на среќа, кој очигледно недостига кај вработените. Поголемиот дел од работноспособното население седи во канцеларија, што доведува до лачење на хормонот мелатонин, кој е главен виновник за нерамнотежата на спиење. Ако не можете да заспиете, вината е во преголемиот стрес од работата, поготово ако подразбира канцелариска работа.

work boss2Како нас живеат и работат и во Европа, друштвениот живот им се сведува на викенд излегувањата, но Европјаните се разликуваат по далеку поголемата заработка и по еден месец секоја година го минуваат на некое егзотично место. Тоа им помага полесно да го минат времето на работа со која се окупирани и имаат дополнителна мотивација што работат како црнци.

Но, европското и балканското работно време никако не одат рака под рака. Додека просечниот европеец еднаш во годината ќе отиде на Тенерифе или на Хаваи, балканците ако имаат среќа можат да се упатат на некое место кое што нема до толку да им ги олесни џебовите. Ова е и една од причините зошто балканците се среќни и со обични прошетки или излегувањата на кафе со пријателите, затоа што тоа се работи, кои може да си ги дозволат, а притоа да не изгубат ништо.

Паузата ги решава проблемите.

Истражувањата кои ги спроведува професорот по психологија Мортен Кристиансен од Универзитетот Корнел и неговиот колега Кристофер Конвеј од Универзитетот Индијана покажале дека обавувањето на истата работа за време на осумчасовното работно време во централниот дел на денот, влијае на концентрацијата и креативноста.

work boss3Така истражувањето покажало дека работата од девет до 17 часот предизвикува пад на енергијата и намалување на продуктивноста. Ова особено се однесува на луѓето чија работа вклучува осумчасовна работа пред компјутер.

Работата од 9 до 17 го пореметува природниот ментален циклус. Доколку сте пред компјутер повеќе од три до четири часа, ќе почуствувате физичка непријатност, и ментален замор, а и ефикасноста ќе ви биде на ниско ниво. По четири часа работа пред комјутер, потребно е да прошетате и да се протегнете пред фирмата и да ги наполните белите дробови со кислород. Тоа ќе ви го разбистри мозокот, изостри концентрацијата и обнови менталната енергија.

Иако на прв поглед нашата реалност делува сурово и безнадежно, сепак постои решение.

Намалувањето на нивото на ментална активност за време на осумчасовното работно време во централниот дел од денот би можело да биде решено со паузи. Излезете на кафе, прошетајте, направете муабет со луѓе со кои работите, но некоја тема надвор од работата. Законот предвидува 30 минути пауза. Искористете ја. Ќе ви биде и на вас и на вашиот газда од корист.
По работното време прошетајте во природа или во парк. Шетајте трчајте, возете велосипед, со семејството или пријателите. Така ќе бидете во добра форма, а нема да се почуствувате како роб

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1