Огласот за работа кој на средината на март на „Фејсбук“ го објави словенскиот „Еко ресорт“, стана вистински хит.
Имено на овој начин одлучиле да побараат овчари кои ќе имат задача да се грижат за билките, животните и организацијата на работилницата за деца, а ќе живеат во типични планински куќички.
„Неверојатната работна можност за десет личности во Словенија каде во богатството од зеленило на Европа можете да станете овчари“, начин на кој се обидуваат да привлечат потенцијални работници.
Dream job in Eco resort beneath Velika planinaLooking for a dream job?Join our team and become a shepherd in Eco resort beneath Velika planina, Slovenia!SHARE this video and do the first step toward getting the best job in the world! It’s a job for 10 candidates, which can choose to work with us for 2, 3 or 4 weeks during any season of the year, from September 2016 on. Visit our web page www.sloveniaecoresort.com for further information!Remember that we will choose only between candidates which have shared this video!
Posted by Eko resort pod Veliko planino/ Eco resort beneath Velika planina on Friday, 11 March 2016
Управителот на овој комплекс, Матјаж Зорман, кажа дека работата ќе се извршува од две до четири недели, а на огласот се јавиле преку 2000 луѓе од целиот свет од Австралија, Нов Зеланд и Лондон.
Личностите кои се пријавуваат на огласот мораат добро да го познаваат јазикот и да сакаат деца.