(ФОТО) ЃОКОВИЌ Е НАЈБОГАТ СРПСКИ СПОРТИСТ: За сега заработил 140 милиони долари


Најплатен српки спортист во овој момент е Новак Ѓоковиќ, кој до сега од тенисот и од спонзори заработил околу 140 милиони долари, 10 милиони повеќе од кошаркарот, Владе Дивац, а 15 повеќе од Ана Ивановиќ.
Најблизу до Ѓоковиќ е поранешен кошаркар Владе Дивац, кој има собрано богатство во вредност од 130 милиони евра. За 16 години на НБА кариера Дивац заработил повеќе од 93 милиони долари од плата, а остатокот од рекламирани договори. Единствен кој се уште може да се пофали со сума со девет бројки е тенисерка Ана Ивановиќ, која заработи 125 милиони и поранешниот НБА кошаркар Пеџа Стојаковиќ, кој во својата кариера заработи околу 100 милиони долари.2013 Australian Open - Day 14

Богатството на фудбалерот на Челзи, Бранислав Ивановиќ и Немања Матиќ е проценето на 82 и 54 милиони долари. Подолу е Дарко Милиќc, кој имаше кратка, но слатка кариера, и до 27 години заработи 52 милиони долари.

Фудбалерот на Манчестер Сити Александар Коларов сега има 51 милион евра, додека неговиот постар колега Дејан Станковиќ стекна 50 милиони евра. Нето вредноста на неодамна пензионираниот играч Немања Видиќ изнесува 39 милиони евра.

Значи двајца од нашите најбогатите играчи, Ивановиќ и Матиќ, заедно имаат колку Новак, и тој допрва треба да се збогати. Се очекува дека до крајот на неговата кариера да дотурка до неверојатни половина милијарда долари, со што ќе се рангира меѓу десетте најбогати спортисти во светот.

Ѓоковиќ, пак, постојано истакнува дека парите не е се животот и во тенисот. Тој исто така додаде дека рекордите не му се најважни.

– Рекордите се важен мотив за повеќе да се трудам и да гризам, но не и пресудна причина зошто јас играм тенис. Благодарен сум за секој чекор во својата кариера, а имаше иподеми и падови, секоја сезона е нова лекција. Сега го достигнав врвот и се обидувам на високо ниво да ја задржам играта – рече Новак.

10 најбогати српските спортисти
1. Новак Ѓоковиќ (тенис) 140 милиони
2. Владе Дивац (кошарка) 130 милиони
3. Ана Ивановиќ (тенис) 125 милиони
4. Пеџа Стојаковиќ (кошарка) 100 милиони
5. Бранислав Ивановиќ (фудбал) 82 милиони
6. Немања Матиќ (фудбал) 54 милиони
7. Дарко Миличиќ (кошарка) 52 милиони
8. Александар Коларов (фудбал) 51 милиони
9. Дејан Станковиќ (фудбал) 50 милиони
10. Немања Видиќ (фудбал) 39 милиони
Сумата е претставена во САД долари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1