Работа во Норвешка – плата 4.500 евра!


Норвешка бара  инжењери, наставници, и тоа пред се од природни науки, лекари и медицински сестри, возчи на автобуси, готвачи и конобари…

Европската канцеларија за вработување (EURES) објави извештај во кој се наведува дека на работниците од споменатите професии им се нуди просечна месечна плата од 4.500 евра, пренесува ZaSe,mk.

norveskaСпоред извештаите на EURES, на оваа скандинавска земја и недостасуваат посебно стручни лица за механика, електричари, автоматика, хидраулика и водовод. Барани се и воспитувачи за работа со предшколски деца, психолози и таксисти, пренесува порталот Е-капија во пишувањето за регионалните земји.

Компаниите во Норвешка кои бараат инжињери и стручни лица од различни профили се, помеѓу останатите ”Aker” “Solutions”, “FMC Technologies”, “Statoil”, “National Oilwell Varco”, “Kvaerner”, “Kongsberg Gruppen”, “Aibel”, “Roxar” i “Fabricom”.

Во извештајот на EURES се подвлекува дека за престојување во Норвешка ви е потребна дозвола за престој во период од три месеци во локалната полициска станица во таа земја или веднаш штом странскиот државјанин пронајде адекватно вработување. Странецот може да остане во Норвешка шест месеци додека бара вработување.

Истражувањата покажуваат дека условите за работа во Норвешка се меѓу најдобрите и најчовечните во светот. Вработените потпишуваат писмен договор, кој подразбира три до шест месеци на пробна работа пред потпишување на долготраен договор.

Платата се исплаќа месечно, а вработените работат 37,5 часа неделно, односно 7,5 часа секој работен ден, а максимум 40 часа дневно.

Вработените во просек имаат 25 дена годишен одмор, а сите над 30 години старост имаат 30 дена годишен одмор, кој е уредно платен.

На овие линкови, можете да се информирате подетално за тоа што и како ви треба .

ZaSe,mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1