Мита Диран од Индонезија која имала нешто повеќе од 30 години работела цели три дена без одмор. Во еден момент на Твитер се пофалила дека непрекинато работи 30 часа и се чувствува добро. По овој смртоносен маратон девојката паднала во кома и по неколку дена починала.
Компанијата преку својата Фејсбук страна упати длабоко сочувство за загубата на својата вработена.
Неодамна светот беше потресен од смртта на младиот банкар кој работел во Bank of America цели 72 часа.
Конечно нешто мора да се промени за младите и амбициозни работници, кои често пати се под огромен притисок дали ќе ја задржат работата, да немаат можност поради упорната повеќедневна работа без одмор, да одат во смрт.