Работи кои ќе Ве натераат да верувате во животот после смртта


Додека повеќето од нас мислат дека смртта е крајот, постојат голем број докази кои го покажуваат спротивното.

10. Свеста продолжува и после смртта

Др. Сам Парнија е човек кој знае за смртта и е многу почитуван во областа на реанимацијата, бидејќи е движечка сила за процедури кои би можеле да помогнат во оживување на пациенти после неколку часовно престанување на работата на срцето. Тој е убеден дека човековата свест може да преживее мозочен удар.


9. Докажани искуства „надвор од телото“

Во 1991 година пејачката Пем Рејнолдс развила смртоносен анеуризам, поради што морала да оди на операција. Нејзиното тело било ставено во вештачка кома, и изладено на 15.5 степени Целзиусови додека крвта била буквално исцедена од нејзиниот мозок. Во тоа време нејзините очи и уши биле затворени, а нејзиниот неврохирург Роберт Шпетцл рекол дека таа е во навистина цврста кома

Меѓутоа Рејнолдс имала искуство надвор од нејзиното тело и во времето кога била во кома – ги погледнала сите 20 луѓе како работат на нејзиното тело лебдејќи над нив. Таа слушала се’ што тие зборуваат, и потоа заминала во тунел на светлина, за подоцна повторно да се врати во нејзиното тело. Неколку месеци подоцна таа му кажала на Шпетцл за нејзиното искуство, а тој бил шокиран што таа го знаела секој детал.

8. Средба со мртвите

Една од класичните компоненти на блиската смрт е искуството поврзано со среќавање на мртвите роднини кои се наоѓаат „на другата страна“. Доколку повеќето од нас размислат, ќе речат дека станува збор за халуцинации. Меѓутоа Д-р Брус Грејсон од Универзитетот во Вирџинија смета дека ова е многу повеќе.

Во документ објавен во 2013 година тој истакнува дека пациентите кои рекле дека се сретнале со мртвите луѓе се многубројни. Доколку овие биле случајни халуцинации, тогаш тие би халуцинирале и за невозможни нештa. Меѓутоа тие постојано ги гледале точно оние луѓе кои починале, иако некогаш не знаеле дека тие се починати.

7. Екстремна реалност

Др.Стивен Лорјес е човек кој не верува во живот после смртта. Тој вели дека се’ може да се објасни преку физичките феномени. Сепак, во неговите истражувања некои работи не можат целосно да се објаснат.

Попрецизно, тој е зачуден за „хипер-реалноста“ кај луѓето кои имале блиско искуство со смртта. Кога тој заедно со неговиот тим ги истражувале спомените на овие настани, тие очекувале да пронајдат дека тие работат слично како соновите или халуцинациите: да исчезнат со текот на времето. Наместо тоа, тие го пронашле токму спротивното – пронашле меморија толку многу свежа и жива и покрај поминатото време.

Др.Лорјес не верува во натприродното. Сепак, тој верува дека секој од нас веројатно ќе го помине ова кога ќе умре: искуство на „рај“ поинтензивно од било што кое сме го чувствувале во нашите животи.
6. Сличности

 

Еден од најчудните аспекти на луѓето кои биле блиску со смртта е колку се слични сите визии. Интересно е тоа што секое искуство близу со смртта е анегдотско. Во истражување објавено во „The lancet“ еден тим испитувал 344 пациенти кои претрпеле срцев удар и кои зборувале за нивните искуства после реанимацијата. Од анкетираните, 18% можеле да се сетат барем на делови од она што се случило. Со тоа се открило дека спомените не се лажни.

5. Промена на личноста

Луѓето кои имале блиска средба со смртта имаат последици во меморијата – и сите тие се позитивни. Пим ван Ломел, доктор од Холандија започнал да ги истражува ефектите од ваквите спомени. Тој открил дека тие предизвикале „трајна промена“ кај субјектот. Луѓето го изгубиле стравот од смртта, станале посреќни, повеќе позитивни и подруштвени.
4. Искуства од прва рака

Во 2008 година неврохирургот Д-р Ебен Александер добил форма на менингитис што резултирал во Ешерихија коли во неговиот мозок. За брзо време бил хоспитализиран и ставен во кома една недела. Токму она што му се случило во текот на таа недела е предмет на голема дебата.

Според самиот Д-р Ебен, неговиот мозок бил во вегетативна состојба. Меѓутоа тој тврди дека неговата „душа“ отишла на 7 дневно патување во рајот.

3. Визија на слепите

Постојат истражувања кои велат дека слепите луѓе кои имале блиска средба со смртта често пати за време на тоа искуство нивниот вид бил вратен.

Според едно истражување во кое биле интервјуирани 30 слепи луѓе кои се соочиле со близок контакт со смртта, сите рекле дека за време на нивното искуство тие виделе тунел со светлина, гледале мртви роднини, а некои од нив и можеле да се видат самите себеси и нивното тело, додека тие лебдат над него.

2. Квантната физика може да го дозволи тоа

Биоцентризмот е луда теорија за универзумот, меѓутоа постојат некои факти кои можат да докажат дека е вистинита.

Професорот Роберт Ланза, за оваа теорија вели дека сите можности во универзумот можат да се случат истовремено. Тоа е само тогаш кога „набљудувачот“ одлучува да погледне во сите можности и кога тие колабираат во една. Ако се случи ова, тогаш времето, просторот, материјата и се’ останато треба да постои само поради нашата перцепција за нив. Ако тоа е вистина, тогаш работите како „смртта“ се дел од нашата перцепција, така што иако изгледа дека ние умираме, тогаш нашиот живот ќе стане „траен цвет кој се враќа за да создаде мултиверзум“.

1. Децата можат да се сеќаваат на нивните претходни животи

 

Доктор Иан Стивенсон може да е првиот човек во историјата која обезбедил доказ за реинкарнација.

Иако тоа звучи лудо, Стивенсон во текот на 40 години прецизно истражувал и документирал случаи на деца кои можеле да се сетат на нивниот претходен живот. Тој снимил над 3.000 случаи во кои децата на возраст од 5 години имале специфични знаења за нивниот живот и за смртта на луѓе кои не е возможно да ги знаеле.

Во еден документиран случај, детенце од Шри Ланка слушнала за име на град во кој никогаш не била. Веднаш потоа таа и’ рекла на нејзината мајка дека таму била удавена од страна на нејзиниот ментално хендикепиран брат и го опишала градот во големидетали. Исто така, таа кажала детали за семејството, вклучувајќи и како таа изгледала и како изгледала нивната куќа. 27 работи од 30 што таа ги кажала излегле вистинити.

Факултети.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1