Ако не сте знаеле – Во Kавадарци имало јавна куќа пред 80 години


Во почетокот на минатиот век побогатите кавадарчани за пари можеле легално да добијат сексуални услуги во куќата што се наоѓала до реката Луда Мара, пишува Дневник 

– Бевме деца. Се врткавме наоколу. Од љубопитност. Се сеќавам дека во убавата градба беа сместени неколку стројни девојки. Во објектот влегуваа и излегуваа мажи што имаа потреба од сексуални услуги, но имаа и пари да ги платат тие услуги – вели 94-годишниот Димо Најдов, командир на полициски станици во пензија.

kavadarci javna kukjaДруг кавадарчанец, кој тогаш бил мал, но многу убаво се сеќава на таинствената куќа и ја опишува како ниска, со неколку скали.

– Во дворот имаше убава чешма, целиот двор беше обраснат со бршлен, а сенки правеа неколку дрвја. Имаше голем трем со неколку маси и стола наредени како во кафеана. Kога ѕиркавме низ големите ѕидови со кои беше ограден дворот, се случуваше да видиме како некои од девојките им седеа во скутови на гостите. Беа со деколтеа. Прво се забавуваа со пијалак, а потоа одеа во некоја од собите – се присетува нашиот соговорник.

Тогаш на големо се зборувало низ градот дека девојките со пајтон ги носеле кај лекар на преглед.  Kако анегдота во Тиквешијата се прераскажува случка кога момче дебело платило за да помилува женско тело.

– Една убава кавадаречка мома се заљубила во газдата на јавната куќа, ама домашните ~ ја бранеле таа љубов оти сметале дека тој се занимава со нечесни валкани работи. Иако човекот се занимавал и со посериозни бизниси. Таа никогаш не се омажи. § остана верна на таа љубов, се зборуваше дека никогаш не легнала со маж и доживеа 80 години – велат нејзините соседи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1