Работниците кои ќе останат без работа поради кризата ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж


Сите граѓани кои ќе останат без работа поради кризата предизвикана од ширењето на коронавирусот, од државата ќе добиваат надомест во висина од 50 проценти од нивната месечна плата во измината година.

Времетраењето на исплатата на надоместокот ќе зависи од должината на работниот стаж на работникот.

-За граѓаните кои ќе сотанат без работа поради кризата државата ќе исплаќа паричен надомест секој месец во висина од 50 отсто од месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и член 68 од овој Закон. Според овој член граѓаните кои останале без работа ќе остварат надомест преку Агенцијата за вработување согласно нивните години на работен стаж. Така за пет години работен стаж следува четири месеци надомест или за 24 години стаж 12 месеци надомест, појасни на денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски, образложувајќи го вторит сет мерки за спраување со последиците од кризата.

Тој најави и дека надомест од седум илјади денари по домаќинство ќе има за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформалната економија.

-За оние лица кои останале без работен ангажман или биле дел од неформалната економија, обезбедуваме брз влез во системот на социјална заштита за април и мај. Тие просечно ќе добиваат по седум илјади денари по домаќинство. Проценетиот опфат на преземените мерки изнесува околу 30 илјади нови домаќинства од неформалната економија и 30 илјади постоечки корисници, рече премиерот.

Во сетот мерки што ги донела владата е и мерката за одложување закуп за корисници на социјални станови .

-Се одложува плаќањето закупнина за сите корисници, а исто така ќе се одложи и плаќањето и за закуп за граѓаните, додека за фирмите ќе се донесе посебна одлука во однос на плаќањето на кириите на закуп кај сите закуподавачи, појасни премиерот Спасовски.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1