Дека во Босна и Херцеговина се е можно објаснува и потврдата за вработување во која стои дека работникот во фирмата „Феринг“, кратко и јасно – нема плата.
Се работи за потврда која е потребна за документација за време на поднесување на барање за студентска стипендија во кантонот Тузла.
Долгогодишниот работник, чие име е познато на редакцијата на Klix.ba, работи во компанија која се занимава со обработка на метал и која некогаш важела за една од најразвиените и најдобрите во таа област. Денес, секако, тоа не е така.
Компанијата во текот на 2013 година работела со загуба, а фактот дека таа е само една од многуте фирми кои постојат само на хартија и чии работници немаат плата, совршено го илустрира овој трагикомичен документ!
Сега постојат само обесправени работници, неплатени придонеси, неплатени плати и неизвршени судски пресуди. Постои колективна тужба од работниците, но пресудата од 2013 година во која Судот пресуди во корист на работниците до ден денешен не е извршена, изјавил за Klix.ba син на работник во „Феринг“.