Работник на нафтена платформа во близина на југоисточниот брег на Виетнам тврди дека бил очевидец на падот на малезискиот патнички авион. Испратил емејл до својот работодавач во кои навел
„Мислам дека го видов паѓањето на авионот. Се поклопува времето.“
Виетнамските официјални лица потврдуваат дека го добиле писмото, но дека ништо не пронашле во водата на наведеното место.
Работникот опишува дека видел како целиот авион, нераспаднат, гори на голема висина.
„Од моментот кога го видов запалениот авион до моментот кога пламенот згасна ( исто така на голема висина) поминаа 10-15 секунди, пишува работникот.