Раде Шербеџија во Битола бара локација за снимање на филмот „Ослободувањето на Скопје“


Хрватскиот актер Раде Шербеџија е во неколкудневен престој во Битола каде бара локација за снимање на својот најнов филм „Ослободувањето на Скопје“ кој ќе се игра на македонски јазик.

rade serbedjija– Во Битола сум заедно со моите продуценти од Загреб и Скопје и со мојот син Данило и бараме објекти за снимање на нашиот филм, истакна Шербеџија за време на престојот во Битола, град во кој, како што рече, има многу автентични улици и архитектура преку кои може да ја реализира својата идеја.

– Филмот има посебни барања, а поддршка и разбирање за нашите потреби имаме и од македонскиот премиер. Филмот ќе се снима во Македонија, бидејќи е посветен на една македонска тема од 1944 година. Станува збор за воена тема, за едно семејство во Скопје кое се соочува со тешкотиите кои ги предизвикува војната. Оваа драмска приказна е работена на база на драмскиот текст „Ослободувањето на Скопје“, рече  Шербеџија.

Финансирањето на филмот „Ослободувањето на Скопје“ ќе биде поткрепено од  Хрватскиот филмски фонд, Македонскиот филмски фонд и Еуроимаж, истакна хрватскиот и светски познатиот актер Раде Шербеџија за време на престојот во Битола.

За време на престојот во Битола, Шербеџија остварил повеќе контакти со актери од Битолскиот театар, но и со јавни личности и функционери, односно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот Владимир Талески.

– Се сретнав со македонската министерка и битолскиот градоначалник кои ме информираа дека ќе го реконструираат киното на браќата Манаки и јас сум одушевен од таа одлука. Јас знам дека фестивалот „Браќа Манаки“ е со големо име и со светско значење, истакна Шербеџија

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1