Тарчуловски се враќа дома, Хаг даде зелено светло?


Хашкиот трибунал дал “зелено светло” за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски. Деновиве е пристигнат допис со кој се потврдува дека Тарчуловски ќе биде ослободен, но дека тоа ќе се случи по 19 април, објави  Утрински весник.
g_g_johan-tarculovski“Како што неофицијално се дознава, известувањето не одело непосредно, туку по дипломатски пат, односно преку Министерството за надворешни работи и амбасадата на Германија.
Според сознанија до кои дојде Утрински весник, во известувањето било наведено дека постои согласност за предвремено ослободување на Тарчуловски, но дека тоа ќе се случи откако одлуката ќе биде и формализирана со потпис и печат на тамошните авторитети.
Тарчуловски може да се очекува дека ќе го напушти германскиот затвор во Диц и ќе се врати во Македонија до крајот на следниот месец. Тој веќе издржа две третини од вкупната казна од 12 години затвор“, пишува весникот.
За сторени воени злосторства, во 2001 година, Јохан Тарчуловски беше осуден на затворска казна во траење од 12 години. Во затворот во Шевенинген, во Холандија, тој издржа еден дел од казната, а на 7 јули 2011 година беше префрлен во затворот во германскиот град Диез.
MKnews.MK стапи во контакт со адвокатот Антонио Апостолски кои ни изјави дека тој нема таква информација. Се уште нема до него стасано никакво инфо во врска со ослободувањето на Јохан.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1