Радиоактивни буриња откриени на дното на Ла Манш


Речиси 30.000 буриња со радиоактивен отпад од пониско ниво на зрачење открија деновиве новинарите на германски SWR на дното на каналот Ла Манш, кој ги разделува Велика Британија и Франција.

burinja radijacija la mansСкладиран во околу 28.500 буриња, отпадот се наоѓа таму од 60-тите години на минатиот век, а најмногу го фрлала Велика Британија, и во помала мерка Белгија. Прашање е дали ова е единствениот ваков отпад во околината.

Десет илјади буриња се наоѓаат на само неколку километри од брегот на Франција на длабочина од 124 метри. Новинарите до откритието дошле користејќи наведувачка подморница без посада. Откритието ги навело политичарите од партијата на зелените да побараат отстранување на отпадот поради стравот дека бочвите се трули и дека радиоактивниот отпад може да истече во водите на океанот.

За утеха германски и француски стручњаци испитале дека се уште не е забележано истекување на отпад. Слична изјава даде и германската Федерална поморско-хидрографска агенција која последен пат го контролирала ла Манш во 2009 година.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1